Основното јавно обвинителство во Кочани извршило увид на локација во близина на Виница, каде било пронајдено безживотно тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје.
Според првичните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група ангажирана за комерцијален лов.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни истражни активности, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдените траги, со цел целосно расветлување на случајот.
Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин, кои биле дел од истата група. Се утврдува нивната можна поврзаност со настанот.
„До целосно расчистување на случајот, лицата ќе бидат задржани“, соопштија од Обвинителството.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












