Во драматична и неизвесна завршница во „Градски парк“, екипата на ТФТ Скопје остана без пласман во АБА лига, откако загуби од Широки со 87:86 во финалето на АБА 2.
Скопскиот тим имаше одличен старт и во првото полувреме целосно ја контролираше играта. По серија од 11:3, ТФТ стигна до предност од седум поени, а во вториот период ја зголеми разликата и на двоцифрени +11 (41:30).
Предноста ја задржаа и во третиот дел, кога водеа со 57:47 и 61:52, но токму тогаш следуваше пад во играта. Гостите од Широки направија серија од 9:0 и се вратија во натпреварот, најавувајќи драматична завршница.
Во последната четвртина се играше кош за кош. ТФТ повторно поведе (74:73), но Широки одговори со серија и направи пресврт. Во самиот финиш, натпреварот влезе во вистински трилер.
На помалку од 10 секунди до крајот, ТФТ имаше водство, но во следниот напад Прајс погоди за 87:86 на 4 секунди до крајот. Во последниот обид, домашните не реализираа тежок шут за три поени и победата замина кај гостите.
Со ова, Широки обезбеди пласман во АБА лигата, додека ТФТ ќе бара втора шанса преку бараж против екипата на Борац Чачак.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












