Во тврд и тактички натпревар во Мадрид, Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа без победник (1-1) во првиот полуфинален дуел од Лига на шампиони, оставајќи ја разврската за реваншот во Лондон.
Натпреварот започна претпазливо од двете страни, со мал број вистински шанси. Први се заканија домаќините преку Хулијан Алварез, но голманот Давид Раја беше сигурен. На спротивната страна, Нони Мадуеке се закани, но без успех.
Клучниот момент во првото полувреме се случи во 42. минута, кога по прекршок над Виктор Ѓокереш беше досуден пенал за Арсенал. Напаѓачот беше прецизен од белата точка и донесе водство од 0-1.
Во вториот дел, избраниците на Диего Симеоне тргнаа поофанзивно, што брзо донесе резултат. По игра со рака на Бен Вајт, по ВАР интервенција беше досуден пенал за Атлетико, кој Алварез го претвори во израмнување – 1-1.
До крајот, Атлетико беше поблиску до втор гол, а најголемата шанса ја имаше Антоан Гризман, чиј удар заврши во стативата. Во финишот беше досуден уште еден пенал за Арсенал, но по ВАР проверка одлуката беше поништена.
Реванш натпреварот во Лондон ќе го даде патникот во финалето, додека во второто полуфинале Баерн Минхен ќе се обиде да ја надополни негативата против ПСЖ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












