Дел од скопската општина Карпош денеска ќе остане без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето ги зафаќа корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, каде се врши промена на вентил во шахта на булеварот Партизански Одреди.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе трае сè до завршување на активностите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












