Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор заврши во болница по тежок пад од велосипед. Несреќата се случила при спуштање од Пасја Раван, планински премин во западна Словенија.
Пахор соопшти дека скршил клучна коска и лопатка, но нагласи дека е во стабилна состојба. Тој истата вечер бил пуштен од итната помош, а веќе следниот ден се вратил на работните обврски.
Поранешниот претседател е познат како страствен велосипедист, а Пасја Раван важи за предизвикувачка рута поради стрмните спустови. Неговата објава првично предизвика загриженост кај јавноста, но подоцна тој ги смири следбениците со нова фотографија.
Пахор им се заблагодари на сите што му помогнале по несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












