Од денеска до недела низ земјава ќе се реализира еколошката акција Генералка викенд, која организаторите ја најавуваат како најмасовна од ваков тип во Македонија и на Балканот.
Акцијата се одржува шеста година по ред и вклучува десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции и приватни компании.
Официјалниот старт е закажан за денеска, а според најавите, на отворањето ќе присуствуваат претседателката на државата, градоначалникот на Град Скопје и министерот за животна средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












