• Импресум
Wednesday, July 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија и светот одбележуваат 80 години од победата над фашизмот

09/05/2026
A A
Македонија и светот одбележуваат 80 години од победата над фашизмот

Денеска во светот се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, датум што го симболизира крајот на Втора светска војна во Европа и поразот на нацистичка Германија.

На 9 мај 1945 година, во разурнатиот Берлин беше потпишана безусловната капитулација на Трет Рајх, со што официјално заврши војната на европскиот континент. Во конфликтот учествувале 61 држава и околу 96 проценти од светското население, а животот го загубиле повеќе од 50 милиони луѓе.

Капитулацијата ја потпишале германските претставници Вилхелм Кајтел, Ханс Јирген Штумпф и Ханс Георг фон Фридебург, додека од страната на сојузниците документот го потпишале маршалот Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Според историските податоци, околу 20 милиони жртви биле од тогашниот Советски Сојуз, а повеќе од 30 милиони биле цивили.

Во нацистичките логори биле убиени околу 12,5 милиони луѓе, меѓу кои и шест милиони Евреи за време на Холокауст.

Војната на Далечниот Исток завршила неколку месеци подоцна, на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулирала по атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки.

Македонија за време на Втората светска војна била дел од антифашистичката коалиција. Според историчарите, во борбите загинале околу 33.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 7.000 македонски Евреи депортирани во логорот Треблинка.

По повод Денот на победата над фашизмот, денеска во Скопје се организираат повеќе комеморативни активности и положување цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ и на партизанските гробишта во Бутел.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Власта да запре со предизборните вработувања

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.