Епидемија на норовирус е регистрирана на крузер за време на патување што започнало на 28 април и треба да заврши на 11 мај. На бродот во моментов има 3.116 патници и 1.131 член на екипажот.
Од компанијата Princess Cruises соопштија дека веднаш биле активирани заштитни мерки за спречување на ширењето на инфекцијата.
Заболените патници и членови на екипажот биле изолирани во своите кабини, додека екипажот ги засилил процедурите за чистење и дезинфекција на заедничките простории. Воедно, биле земени и примероци за дополнителни лабораториски анализи.
Според податоците на CruiseMapper, крузерот моментално плови низ северозападниот дел на Атлантскиот Океан и се движи кон Пуерто Плата во Доминиканска Република. Крајната дестинација е Порт Канаверал во Флорида, каде бродот треба да пристигне на 11 мај.
Од компанијата најавуваат дека по пристигнувањето ќе биде спроведено целосно и детално чистење на крузерот пред приемот на нови патници.
Норовирусот важи за многу заразен вирус кој лесно се шири во затворени простории со голем број луѓе, поради што крузерите често се сметаат за ризични места за вакви инфекции.
Ова е четврта регистрирана епидемија на гастроинтестинални заболувања на крузери од почетокот на 2026 година, што повторно ја отвори дебатата за хигиенските стандарди во крузерската индустрија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












