Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја заокружи фантастичната сезона во македонскиот футсал со освојување на двојната круна. Откако претходно триумфираше во Купот на Македонија, тимот успеа да стигне и до шампионската титула во Првата футсал лига.
Составот од Јосифово доминираше во текот на целата сезона и шампионатот го заврши на првото место со дури 21 бод предност пред КМФ Кеги Моби од Велес, кој беше и нивен противник во финалето на Купот.
За КМФ Проект ова е втора шампионска титула во клупската историја, откако првпат ја освоија во 2021 година.
Од Првата футсал лига оваа сезона испаѓаат КМФ Балкан 2017 и КМФ Мал Ајакс, додека нови прволигаши од следната сезона ќе бидат КМФ Железарец и КМФ СЕЕ Универзитет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












