Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случила утрово на булеварот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во близина на хотелот „Бристол“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека несреќата била пријавена денеска околу 08:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествувале автобус и мотоцикл.
„При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот“, информираат од полицијата.
На местото на несреќата се врши увид, по што треба да бидат утврдени причините и околностите под кои дошло до судирот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












