Триесет и едногодишен скопјанец е приведен откако, според пријава во полицијата, со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко во семејниот дом во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека синоќа околу 23 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Џ. (31) од Скопје, поради сомнение дека го нападнал својот татко Е.Л. (52).
Според првичните информации, настанот се случил околу 22:35 часот во семејниот дом. Како што било пријавено, таткото, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга, 54-годишна жена и мајка на осомничениот.
По нападот, синот му нанел убодни рани на својот татко, по што Е.Л. починал.
Полицијата веднаш презела мерки и го привела осомничениот, додека 54-годишната жена била пренесена во Специјалната болница „Свети Наум Охридски“ за укажување медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












