МЗТ Скопје ќе игра против КК Маџари во финалето на македонското кошаркарско првенство, откако во „мајсторката“ убедливо го совлада КК Пелистер со 87:58.
Клучна беше третата четвртина, која актуелниот шампион ја доби со доминантна игра и огромна серија, претворајќи го израмнетото прво полувреме во убедлива победа.
Марин Петков беше лидер со 23 поени и седум асистенции, Танасковиќ додаде 20 поени, додека Мекејден оствари дабл-дабл учинок. МЗТ по 14-ти пат по ред ќе игра финале и ќе ја има предноста на домашниот терен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












