Македонија и понатаму ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која продира од северозапад, па времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд.
Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакви услови ќе има и во делови од Скопската Котлина.
Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утре се очекува умерен, а повремено и засилен ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималните дневни ќе бидат пониски и ќе достигнат од 18 до 26 степени.
Во Скопје и околината утринската температура ќе се движи меѓу 7 и 10 степени, додека дневната ќе достигне од 24 до 26 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












