42-годишна жена од Битола пријавила во полиција дека била удрена од автомобил на крстосница во градот, по што возачот физички ја нападнал и избегал од местото на настанот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 мај околу 20:40 часот во СВР Битола.
Жената пријавила дека инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Никола Тесла“, каде била удрена од возило и се здобила со повреди.
По несреќата, според пријавата, возачот излегол од автомобилот и физички ја нападнал, а потоа го напуштил местото на настанот.
Од полицијата информираат дека веднаш биле преземени мерки за расчистување на случајот, при што било утврдено дека станува збор за патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Битола.
Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












