Дваесет и осумгодишна жителка на Крива Паланка е лишена од слобода во акција на полициски службеници од ОВР Крива Паланка, во случај поврзан со крупен добиток на локалитетот „Калин Камен“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Ј.Ѓ. (28) била приведена по пријава дека ги попречувала службените лица од Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведување активности за заловување на крупен добиток.
По приведувањето, таа била задржана во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Случајот со добитокот во Кривопаланечко веќе подолг период привлекува внимание во јавноста и е предмет на интерес на надлежните институции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












