• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

27/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

Два историски објекти во центарот на Скопје, поранешните хотели „Бристол“ и „Јадран“, одат на продажба откако Собранието на акционери на „Македонијатурист“ на 22 мај ја одобрило продажбата на дел од недвижниот имот на компанијата.

Покрај двата објекти, на продажба се и станови на улицата „Максим Горки“, како и деловниот простор „Пивница“. Според одлуката, претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а цената ќе биде утврдена од овластен проценител, по што процесот влегува во следна фаза.

Хотелот „Бристол“ е еден од најстарите зачувани хотелски објекти во Скопје, изграден во 1924 година и поврзан со развојот на градската урбана култура. Објектот со години не е во функција и ја дочека својата стогодишнина со затворени врати.

„Јадран“, познат и како Арапска куќа, е изграден меѓу 1936 и 1938 година во арапско-маварски стил и со децении претставува препознатлив белег на централното градско подрачје. Во дел од јавните евиденции се води како објект под заштита, со постапки за утврдување статус на културно наследство.

Продажбата на овие објекти повторно ја отвора дилемата за балансот меѓу комерцијалната вредност на недвижностите и зачувувањето на градската меморија.

Според претходни информации, „Македонијатурист“ планира и купување градежна парцела во Ново Лисиче во вредност од 17,7 милиони евра, што ја става продажбата на старите објекти во поширок деловен контекст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица
Вести

Катастрофа во Венецуела: Повеќе од 4.400 загинати во силните потреси

13/07/2026
Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани
Вести

Европската Унија бележи пораст на населението и покрај негативниот природен прираст

13/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници
Вести

Собранието ќе избира нови министри во реконструкцијата на Владата

13/07/2026
Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора
Вести

Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

13/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Времето денеска: Сонце, умерена облачност и засилен северен ветер

13/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Следна вест
Земјотрес во Македонија

Земјотрес регистриран во близина на Петриња

Најнови вести

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица

Катастрофа во Венецуела: Повеќе од 4.400 загинати во силните потреси

13/07/2026
Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани

Европската Унија бележи пораст на населението и покрај негативниот природен прираст

13/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници

Собранието ќе избира нови министри во реконструкцијата на Владата

13/07/2026
Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

13/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Времето денеска: Сонце, умерена облачност и засилен северен ветер

13/07/2026
Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.