Земјотрес со јачина од 2.2 степени според Рихтер денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според податоците, потресот се случил во 19:20 часот, а засега нема информации за материјална штета или повредени лица.
Неколку дена претходно во истиот регион беше регистриран посилен земјотрес со јачина од 3.8 степени, со епицентар во близина на Требиње, во Херцеговина. Тој потрес беше почувствуван и во соседните земји, делови од Црна Гора и Хрватска, каде граѓаните пријавиле кратко, но интензивно тресење.
Експертите продолжуваат да ја следат сеизмичката активност на територијата на Босна и Херцеговина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












