Денеска низ Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на повеќе места се очекува нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 24 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во попладневните часови во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12 степени наутро до околу 30 степени во текот на денот.
Метеоролозите најавуваат дека и во текот на следната седмица ќе се задржи релативно топло време. Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди и променлива облачност, додека во попладневните часови повторно ќе постојат услови за локална нестабилност со дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Според најавите, пообилни врнежи и поизразени временски процеси се очекуваат во четврток, кога на повеќе места во земјата може да има интензивни врнежи проследени со грмежи и засилен ветер.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












