• Импресум
Sunday, July 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

По драматични баражи познати новите прволигаши во Македонија

31/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
По драматични баражи познати новите прволигаши во Македонија

Шкендија Арачиново и Скопје од следната сезона ќе играат во македонската Прва лига, откако денеска ги добија бараж натпреварите за пласман во елитното друштво.

Најголема драма се случуваше во Кавадарци, каде што Шкендија Арачиново по подобро изведување на пенали го елиминира Пелистер и испиша историски успех со прв пласман во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.

Тимот од Арачиново беше подобар противник во најголемиот дел од натпреварот и заслужено поведе во 53. минута преку Назифи, кој по одличен соло-продор ја затресе мрежата на битолчани.

Пелистер имаше голема можност да се врати во игра во 66. минута, кога доби пенал, но капитенот Ивановски не успеа да го совлада голманот Столевски. Во продолжението од акцијата, тој не реализираше ниту од непосредна близина.

Кога изгледаше дека Шкендија ќе ја обезбеди победата во регуларниот тек, Пелистер стигна до израмнување во самиот финиш. Петар Петковски најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава погоди за 1-1.

Победникот беше решен по изведување пенали, каде што следуваше вистински трилер. Давид Анѓелески прв промаши кај Пелистер, а потоа Кире Ристевски не беше прецизен, иако неговиот удар беше повторен поради нерегуларно движење на голманот, по што успеа да погоди.

Конечната радост за Шкендија Арачиново ја донесе Дервиши, кој беше сигурен во осмата серија, додека голманот Столевски беше еден од хероите со дури четири одбранети пенали.

Во вториот бараж натпревар, одигран во Битола, Скопје со минимални 1-0 ја совлада Брера и по три години повторно се враќа во Првата лига.

Иако долго време немаше голови, Скопје беше поконкретен ривал и создаде повеќе шанси. Ангелов не успеа да реализира пенал во завршницата, но неколку минути подоцна Трајчевски стана херој на скопскиот состав. По корнер и мешаница пред голот на Брера, тој најдобро се снајде и го постигна победничкиот погодок.

Со тоа, Шкендија Арачиново и Скопје обезбедија место во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона, каде претходно пласман преку второлигашката конкуренција избори и Брегалница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин
Вести

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв
Вести

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал
Вести

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Следна вест
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

Најнови вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.