Непознати лица пукале со огнено оружје кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени деловниот објект и неколку возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец, кој пријавил дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата компанија.
По пријавата, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што биле пронајдени 11 чаури од огнено оружје. При увидот биле констатирани оштетувања на објектот, како и на неколку возила паркирани во негова близина.
Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки за идентификување на сторителите, утврдување на мотивите и целосно расчистување на случајот.
Засега не се соопштуваат дополнителни информации, а истрагата продолжува.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












