Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Во текот на денот температурата ќе достигне од 26 до 34 степени, што значи дека и понатаму ќе се задржи релативно топло време за овој период од годината.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 32 степени.
Според прогнозите на метеоролозите, вакви временски услови ќе се задржат и во текот на работната седмица. Претпладневните часови ќе бидат променливо облачни со сончеви периоди, додека попладне повторно ќе има можност за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Најизразена нестабилност се очекува во четврток, кога временските процеси ќе бидат поинтензивни. Се прогнозира пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град во одделни делови од земјата.
УХМР најавува и засилен до силен ветер од западен правец во наредните денови, а во вторник во западните региони повремено се очекуваат удари со брзина и до 60 километри на час.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












