Дваесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект во кој претходно бил вработен, а причината за инцидентот, според неговата пријава, била расправија околу исплата на заработени дневници.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај 2026 година во 15:15 часот во СВР Скопје, А.К. (20) од Скопје пријавил дека нападот се случил четири дена претходно, односно на 26 мај, во угостителски објект на подрачјето на Центар.
Според пријавеното, дошло до недоразбирање поврзано со исплата на дневници, по што наводно бил физички нападнат од сопственикот на објектот каде што претходно работел.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












