Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во Брисел, каде што учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу македонските општини и локалните власти од земјите членки на Европската Унија.
На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство, а Ѓорѓиевски најави и свое обраќање пред учесниците.
Според скопскиот градоначалник, оваа седницата претставува важна можност за размена на искуства, продлабочување на соработката меѓу општините и отворање дискусии за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












