Викендов, на 6 и 7 јуни, во Македонија ќе преовладува променливо облачно и топло време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, при што поизразена нестабилност се најавува за сабота.
Во делови од земјата, особено во сабота попладне, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да преминат во невреме со обилни врнежи, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови во одделни делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури низ земјава ќе се движат меѓу 10 и 18 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 25 до 32 степени.
Во Скопје утринската температура ќе се движи од 15 до 16 степени, а дневната ќе достигне до 30, односно 31 степен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












