Обединетите нации соопштија дека во мај во Украина биле убиени најмалку 274 цивили, а 1.763 биле повредени, што е најголем месечен број жртви од април 2022 година наваму.
Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права, бројот на жртви е за 93 проценти поголем во споредба со април. Речиси половина од загинатите и повредените настрадале во ракетни и дронски напади врз градови далеку од фронтот, меѓу кои Киев и Днипро.
Дроновите стануваат сè посмртоносно оружје, при што само во мај загинале 64 лица, а 539 биле ранети во напади со беспилотни летала.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, според податоците на ОН, загинале повеќе од 16.000 цивили, а над 46.000 се повредени.
Од ОН предупредуваат дека реалниот број на жртви веројатно е поголем, бидејќи немаат целосен пристап до териториите под руска окупација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












