Кина изрази остро незадоволство откако американското Министерство за одбрана на списокот на компании поврзани со кинеската војска ги додаде технолошките гиганти Alibaba и Baidu, како и производителите на електрични автомобили BYD и NIO.
На списокот подоцна беа вклучени и водечките производители на соларни панели Trina Solar и JA Solar Technology. Пекинг оцени дека потегот е неоправдан и побара Вашингтон веднаш да ги повлече мерките.
Кинеските власти предупредија дека доколку домашните компании не бидат третирани фер, Кина ќе одговори со решителни контрамерки.
Одлуката на Пентагон доаѓа само еден месец по средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг, каде беше постигнато кревко трговско примирје меѓу двете земји.
Според американските прописи, од 2027 година Министерството за одбрана на САД нема да смее директно или индиректно да склучува договори со компаниите што се наоѓаат на оваа листа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












