• Импресум
Tuesday, July 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ФИФА ќе подели 355 милиони долари на клубовите за Светското првенство

07/06/2026
A A
ФИФА ќе подели 355 милиони долари на клубовите за Светското првенство

Фудбалските клубови ширум светот ќе поделат фонд од 355 милиони долари што го обезбеди Светската фудбалска федерација за играчите кои ќе настапат на претстојното Светско првенство, како и за оние што учествувале во квалификациите.

Според објавените информации, клубовите ќе добиваат околу 5.000 долари дневно за секој фудбалер кој ќе биде дел од Мундијалот. На завршниот турнир ќе настапат вкупно 1.248 играчи во составите на 48 репрезентации.

За првпат ќе бидат наградени и клубовите чии фудбалери настапувале во квалификацискиот циклус. За секој одигран квалификациски натпревар ќе се исплаќаат по 2.360 долари на клубот во кој играчот бил регистриран во тој период.

Од оваа програма ќе можат да профитираат илјадници клубови од целиот свет, со оглед на тоа што во квалификациите учествуваа 209 репрезентации и беа одиграни 905 натпревари.

Најголема заработка се очекува да остварат европските великани со најмногу репрезентативци на Светското првенство. Англискиот шампион Манчестер сити има 19 играчи на турнирот, германскиот Баерн Минхен 18, додека Пари Сен Жермен и Арсенал ќе бидат претставени со по 16 фудбалери.

Од вкупниот фонд, 250 милиони долари се наменети за клубовите чии играчи ќе настапат на Светското првенство, 100 милиони долари за оние чии фудбалери играле во квалификациите, а преостанатите пет милиони долари ќе бидат искористени за административни трошоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анчелоти: Заслуживме победа, но ќе се вратиме посилни
Вести

Арсенал сака да го украде Винисиус од Реал Мадрид

27/07/2026
Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда
Вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија
Вести

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија
Вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Следна вест
Победа со тесна разлика: Голоб пред Јанша по преброени гласови

Предвремени избори во Косово по политичкиот ќор-сокак

Најнови вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.