Арсенал подготвува спектакуларен трансфер и е решен да направи сѐ за да го доведе напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, во своите редови.
Според информациите на британскиот „Телеграф“, лондонскиот клуб е подготвен да му понуди на бразилскиот репрезентативец уште подобри финансиски услови од оние што ги има во Реал, каде што моментално заработува околу 400.000 фунти неделно.
„Топчиите“ се решени да ги зголемат шансите за реализација на еден од најголемите трансфери во својата понова историја, а финансискиот аспект, според медиумите, не претставува пречка.
Дополнителна неизвесност околу иднината на Винисиус создава и фактот што неговиот договор со Реал Мадрид истекува за една година. Воедно, како причина за можен раздел со шпанскиот гигант се споменува и нарушениот однос со новиот тренер Жозе Мурињо.
Двајцата имаа жестока расправија за време на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, кога Мурињо јавно ја критикуваше прославата на голот на Бразилецот. Винисиус тогаш возврати дека неговата реакција била одговор на, како што тврдеше, расистичка изјава од фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани.
Доколку Арсенал успее да го реализира трансферот, тоа би бил еден од најзвучните потези на клубот во последните две децении.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












