Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, поточно во реонот околу угостителските објекти и деловните простории во тој дел од градот.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот е најавен и за дел од жителите на селото Долно Соње, односно за корисниците на улиците 6, 8 и 12.
Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе останат и корисници од потегот од Рибилимус кон Горно Оризари и селото Мирковци.
Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најави дека на 13 јуни ќе има и прекини во водоснабдувањето поради санација на делови од водоводната мрежа.
Поради поправка на затворач на крстосницата меѓу булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Отокар Кершовани“, без вода ќе останат корисниците во тој реон од 08:00 часот па сè до завршување на интервенцијата.
Дополнително, поради санациски работи на Кеј „Димитар Влахов“, прекин во водоснабдувањето ќе има и за корисниците од тој дел на градот, исто така од 08:00 часот до завршување на работните активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












