Залихите на нафта во најразвиените земји во светот паднаа на најниско ниво од 2003 година, соопшти Американската управа за енергетски информации (EIA). Според најновите прогнози, глобалните резерви продолжуваат забрзано да се намалуваат поради ограничениот сообраќај низ Ормускиот Теснец.
Поради кризата, земјите интензивно ги користат своите комерцијални и стратешки резерви, па залихите во 38-те држави членки на ОЕЦД достигнаа најниско ниво во последните две децении.
Во меѓувреме, многу држави ја зголемија набавката на американска нафта за да го надоместат недостигот од сурова нафта од Блискиот Исток. Американскиот извоз на нафта и нафтени деривати во април достигна рекордни 5,8 милиони барели дневно.
Американските власти очекуваат просечниот нето извоз годинава да изнесува 4,2 милиони барели дневно, што е трипати повеќе во споредба со минатата година. Експертите предупредуваат дека продолжувањето на кризата може дополнително да го зголеми притисокот врз светскиот енергетски пазар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












