Мажот обвинет за нападот на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј, во кој беа убиени 15 лица, се соочува со уште 19 нови обвиненија. Досега против 24-годишниот Навид Акрам беа поднесени 59 обвиненија, меѓу кои за 15 убиства, 40 обиди за убиство и терористички акт.
Австралиските власти соопштија дека истрагата напредува и дека се анализираат повеќе од 230.000 снимки од безбедносни камери, како и содржини од електронски уреди поврзани со случајот.
Според обвинителството, Навид Акрам и неговиот татко Саџид со месеци го планирале нападот, а два дена пред масакрот ја посетиле локацијата за подготовка. Таткото беше убиен во полициска акција на местото на нападот, додека синот беше тешко ранет и подоцна префрлен во затвор.
Полицијата објави дека на пронајдени видеоснимки двајцата напаѓачи ги оправдувале своите мотиви и спроведувале обука со огнено оружје. Нападот се смета за најтешка масовна престрелка во Австралија во последните речиси 30 години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












