Топлото време ќе се задржи и во текот на денешниот ден, но метеоролозите најавуваат промена на временските услови во наредните часови.
Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално времето ќе биде нестабилно со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.
На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за пообилен дожд од над 15 литри на квадратен метар, како и услови за невреме проследено со појава на град.
Дневните температури низ земјата ќе се движат од 10 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува минимална температура од 15 и максимална од 33 степени.
За утре е најавен засилен, а долж Повардарието и повремено силен северен ветер со брзина над 60 километри на час. Истовремено, дневната температура ќе се намали за пет до седум степени.
Според прогнозите на УХМР, за време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо, додека од почетокот на следната седмица повторно се очекува постепен пораст на температурите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












