Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска спровела „тајна мисија“ со цел да им помогне на нафтените танкери и комерцијалните бродови безбедно да поминат низ Ормускиот Теснец.
Во објава на платформата Truth Social, Трамп наведе дека операцијата ја наредил минатиот месец и тврди дека овозможила транзит на повеќе од 100 милиони барели нафта кон светските пазари, без да открие дополнителни детали.
Според податоци на Меѓународна агенција за енергетика, во просек околу 20 милиони барели сурова нафта и нафтени деривати дневно минуваат низ овој стратешки воден пат.
Трамп исто така изјави дека повеќе од 200 комерцијални бродови безбедно го поминале протокот, тврдења кои не можеа независно да бидат потврдени. Тој додаде дека успехот на операцијата се должи на тоа што САД ја „контролираат Ормуската Теснина, а не Иран“.
Претходно, американскиот претседател зборуваше за операцијата и пред новинарите во Белата куќа, наведувајќи дека деталите ги објавува дури откако Иран дознал за активностите.
Според американски медиуми, американските сили во изминатите недели помагале во координација на преминот на десетици бродови, при што дел од нив наводно ги исклучувале транспондерите за да избегнат откривање.
Во меѓувреме, тензиите во регионот дополнително ескалираат, откако Иран најави ограничувања на бродскиот сообраќај и засилени мерки во областа на теснецот по нови воени инциденти. Иранските државни медиуми јавија и за инциденти во кои биле нападнати бродови во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












