• Импресум
Thursday, June 11, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ѓорѓиевски и Костовски извршија увид во изградбата на мега парк во Бутел

11/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Ѓорѓиевски и Костовски извршија увид во изградбата на мега парк во Бутел

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Станува збор за локација која со години била запуштена и претставувала неискористен простор, а со новиот проект ќе биде претворена во современ зелен центар наменет за рекреација, одмор и дружење на граѓаните.

Новиот парк ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри и ќе содржи зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и други содржини наменети за сите генерации.

При увидот беше истакнато дека ваквите проекти претставуваат значајна инвестиција во подобрувањето на квалитетот на животот, заштитата на животната средина и создавањето нови јавни простори за граѓаните.

Проектот е дел од програмата за изградба на четири мега паркови на територијата на Скопје. Паралелно со нив, предвидена е реализација на околу 50 помали паркови во сите скопски општини, од кои дел веќе се во фаза на изградба.

Ѓорѓиевски и Костовски нагласија дека развојот на зелената инфраструктура останува меѓу главните приоритети, со цел создавање подобри услови за живот и повеќе јавни зелени површини за граѓаните.

Со реализацијата на проектот, Бутел ќе добие нова зелена оаза, додека Скопје уште еден модерен јавен простор што ќе придонесе за поздрава и поквалитетна урбана средина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Американскиот претседател тврди дека САД го обезбедиле клучниот поморски пат

11/06/2026
По реконструкцијата, салата „Расадник“ ги отвора вратите за спортистите
Вести

По реконструкцијата, салата „Расадник“ ги отвора вратите за спортистите

11/06/2026
Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш
Вести

Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш

11/06/2026
ЗЕЛС со седница посветена на развојот на локалната самоуправа
Вести

ЗЕЛС со седница посветена на развојот на локалната самоуправа

11/06/2026
Какво време не очекува денес
Вести

УХМР најавува нестабилно време и пад на температурите

11/06/2026
ТППЕ Штип на терен: Се гаси пожарот кај Плуждино
Вести

ТППЕ Штип на терен: Се гаси пожарот кај Плуждино

10/06/2026
Следна вест
Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш

Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш

Најнови вести

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Американскиот претседател тврди дека САД го обезбедиле клучниот поморски пат

11/06/2026
По реконструкцијата, салата „Расадник“ ги отвора вратите за спортистите

По реконструкцијата, салата „Расадник“ ги отвора вратите за спортистите

11/06/2026
Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш

Словенец со македонско потекло седнува на клупата на Тиквеш

11/06/2026
Ѓорѓиевски и Костовски извршија увид во изградбата на мега парк во Бутел

Ѓорѓиевски и Костовски извршија увид во изградбата на мега парк во Бутел

11/06/2026
ЗЕЛС со седница посветена на развојот на локалната самоуправа

ЗЕЛС со седница посветена на развојот на локалната самоуправа

11/06/2026
Какво време не очекува денес

УХМР најавува нестабилно време и пад на температурите

11/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.