Во Општина Кисела Вода денеска официјално ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала „Расадник“.
Обновата на салата започна во периодот кога градоначалник на општината беше Орце Ѓорѓиевски, кој во моментов ја извршува функцијата градоначалник на Скопје.
Владата во 2024 година даде согласност за реализација на проектот за реконструкција на оваа спортска сала, која со години важи за едно од препознатливите спортски обележја на општината.
Со повторното ставање во функција, салата ќе добие значајна улога и во македонскиот спорт, бидејќи од следната сезона РК Вардар своите натпревари од домашното првенство ќе ги игра токму во овој објект.
На свеченото отворање е најавено присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Кисела Вода.
Со реконструкцијата, салата „Расадник“ добива нов изглед и подобрени услови за одржување спортски натпревари и други настани, со што повторно ќе стане важен спортски центар за жителите на Кисела Вода и Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












