Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров.
Тој истакна дека за првпат од нејзината изградба улицата целосно се реконструира, при што ќе се изведе целосна обнова на коловозот во должина од повеќе од 1.000 метри.
Проектот опфаќа и изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на автобусот со број 22, како и поставување нова автобуска постојка.
Ѓорѓиевски нагласи дека улицата има големо значење за жителите на Волково бидејќи претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани.
Тој најави дека по улицата „101“ ќе следуваат реконструкции и на улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и реализација на други инфраструктурни проекти во општината.
Според него, целта е решавање на долгогодишни инфраструктурни проблеми и подобрување на условите за живот во овој дел од Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












