Владата на Велика Британија најави воведување забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години, како дел од нов пакет мерки за заштита на малолетниците во дигиталниот простор.
Премиерот Кир Стармер изјави дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата, додавајќи дека содржините што се пласираат на овие платформи често носат ризик од зависност.
Според најавите, одредени платформи за игри ќе бидат изземени од забраната, но ќе мора да воведат построги механизми за заштита на малолетници, особено во делот на комуникацијата со непознати лица. Владата наведува дека целта на мерките е да се поттикне поширока општествена промена и подобра заштита на децата.
Исто така се разгледува можноста дел од ограничувањата да важат и за младите на возраст од 16 и 17 години, со цел постепен премин и избегнување нагли промени по полнолетството.
Дополнително, британските власти најавуваат дека ќе се разгледаат и ноќни ограничувања за користење на социјалните мрежи, како и мерки против бесконечно „скролање“ за корисници под 18 години. Повеќе детали се очекуваат во текот на јули.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












