Раководството на АБА лига денеска соопшти дека од следната сезона натпреварувањето ќе брои вкупно 20 клуба, со што лигата влегува во нова фаза на проширување.
Како што е наведено, одлуката е донесена на Собранието на лигата, а веќе е потврдено враќањето на хрватскиот клуб Цибона, кој повторно ќе настапува по пауза од една сезона.
Новитет во регионалната елита е и словачкиот клуб Слован Братислава, кој за првпат ќе учествува во АБА натпреварувањето.
Од лигата посочуваат дека, со зголемувањето на бројот на учесници, во наредниот период ќе биде дефиниран и новиот натпреварувачки систем за сезоната 2026/27.
Во новата сезона се очекува силна конкуренција, со учество на бројни регионални и европски клубови, меѓу кои Партизан, Црвена звезда, Будуќност, Цедевита Олимпија и други екипи од регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












