Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати серија критики кон Владата предводена од Христијан Мицкоски, по повод две години од нејзиното формирање, оценувајќи дека државата се соочува со влошени економски и политички состојби.
Од партијата наведуваат дека буџетот е под силен притисок и дека значаен дел од планираниот дефицит за 2026 година веќе е потрошен, поради што сметаат дека ребалансот на буџетот е неизбежен чекор.
СДСМ тврди и дека економскиот раст не се темели на зголемено производство и извоз, туку главно на лична потрошувачка, што според нив не претставува одржлив модел на развој.
Во соопштението се наведува дека Владата не ги исполнила клучните ветувања за повисок животен стандард, зголемување на платите и подобрување на економската состојба на граѓаните. Опозициската партија посочува и дека странските инвестиции се намалени, а јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра во изминатите две години.
Во делот на надворешната политика, СДСМ оценува дека земјата се наоѓа во период на политичка изолација и застој во евроинтегративниот процес.
„Наместо подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и изгубена европска перспектива“, стои во реакцијата на партијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












