Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одделни места повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 25 до 33 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе изнесува 17 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој локално ќе биде засилен.
Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а најголеми шанси за вакви појави се очекуваат во вторник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












