Објавено е најновото, петто издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слободата на патување, квалитетот на живот и привлечноста за инвестиции.
Според најновите податоци, Шведска го има најмоќниот пасош во светот, благодарение на високите оценки во сите клучни категории, особено во квалитетот на живот и можностите за меѓународна мобилност.
Зад Шведска се пласирани Швајцарија, Финска, Германија и Холандија, а во првите десет места доминираат европските земји. Единствена неевропска држава во топ 10 е Сингапур, кој високата позиција ја должи на големата слобода на патување и поволната инвестициска клима.
Една од најголемите промени на листата е падот на Соединетите Американски Држави на 12. место. Според извештајот, американскиот пасош бележи најголем пад меѓу земјите од Г7 во последните пет години.
Од земјите од поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија, која се наоѓа на 37. место, пред Хрватска на 42. позиција.
Следуваат Србија на 66. место, Црна Гора на 71., Македонија на 78. и Босна и Херцеговина на 83. место.
Извештајот покажува дека земјите од регионот и натаму се наоѓаат во средниот или долниот дел од глобалното рангирање според моќта на нивните пасоши.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













