• Импресум
Sunday, July 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица

05/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица, како и предлозите на Левица за поголемо финансирање на изборните кампањи на помалите партии, доколку тоа овозможи донесување на новиот Изборен законик.

Тој посочи дека на вчерашната средба во Собранието ВМРО-ДПМНЕ повторно го истакнала ставот дека воведувањето на гласање на дијаспората е стратешка цел, но оцени дека дел од политичките партии настапиле со позиции кои, според него, не оставаат простор за постигнување договор.

„Имаше вчера состанок во рамките на Парламентот. Ние како политичка партија јасно дадовме до знаење дека поширокото гласање е наша стратешка цел. Од друга страна, дел од политичките партии излегоа со сосема радикализирани позиции. Едната беше да се гласа со државен консензус, што за нас не е прифатливо. Практично, тоа е позиција со која некој однапред не сака да има договор“, изјави Мицкоски.

Осврнувајќи се на предлозите на Левица и СДСМ, премиерот рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати нивните барања доколку тоа придонесе за усвојување на законските измени.

„Нашиот став е јасен. Ако сакаат повеќе пари, добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. Потоа ќе се согласиме и за една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и нивните коалициски партнери“, нагласи тој.

Мицкоски додаде дека демократијата подразбира носење одлуки со мнозинство, а не со консензус.

„Никој принципиелно не одлучува со консензус, освен во еднопартиски систем. Демократијата значи мнозинството да носи одлуки. Не сме консензуална држава“, рече премиерот.

Тој истакна дека Владата останува на предлогот за воведување гласање по пошта, по примерот на повеќе земји од Европската Унија.

Воедно оцени дека дел од опозициските партии го блокираат донесувањето на Изборниот законик поради, како што рече, страв од пораз на следните парламентарни избори, со што се забавува исполнувањето на реформските обврски на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид
Вести

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

05/07/2026
Тешко повреден малолетник во Скопје
Вести

Млад скопјанец почина во семејниот дом, телото предадено на обдукција

05/07/2026
Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика
Вести

Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

05/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама
Вести

„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

05/07/2026
Следна вест
Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

Најнови вести

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

05/07/2026
Тешко повреден малолетник во Скопје

Млад скопјанец почина во семејниот дом, телото предадено на обдукција

05/07/2026
Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

05/07/2026
Мицкоски: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица

05/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.