• Импресум
Sunday, July 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

05/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашното издание на турнирот „Македонијан Опен“, откако во финалето во Скопје го совлада Украинецот Владислав Орлов со 2-1 во сетови (6-1, 0-6, 6-2).

Ивановски одлично го отвори мечот и со убедлива игра го доби првиот сет со 6-1, правејќи два брејка и завршувајќи го сетот со ас-сервис.

Во вториот сет следуваше целосен пресврт. Орлов ја презеде контролата и со убедливи 6-0 го израмни резултатот, оставајќи го победникот да се решава во третиот сет.

Во решавачкиот дел Ивановски покажа карактер. Клучниот момент беше во вториот гем на негов сервис, кога по долга борба и три спасени брејк-топки успеа да израмни на 1-1. Потоа направи брејк, ја зголеми предноста на 5-2 и сигурно го приведе мечот до крај за голем триумф пред домашната публика.

Со оваа победа, Ивановски ја продолжи одличната серија резултати по враќањето од повредата, која ја заработи на крајот од 2023 година. Во последниот период има 13 победи и само еден пораз, две финалиња на турнири од серијата М25 и четири победи за македонската Дејвис куп репрезентација.

За Ивановски ова беше 11. финале во кариерата и шеста освоена титула, воедно и прва по триумфот во јули 2023 година во Крамсах, Австрија.

Со освојувањето на турнирот во Скопје, македонскиот тенисер освои 25 АТП поени и парична награда од 4.065 американски долари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид
Вести

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

05/07/2026
Тешко повреден малолетник во Скопје
Вести

Млад скопјанец почина во семејниот дом, телото предадено на обдукција

05/07/2026
Мицкоски: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите
Вести

Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица

05/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама
Вести

„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

05/07/2026
Следна вест
Тешко повреден малолетник во Скопје

Млад скопјанец почина во семејниот дом, телото предадено на обдукција

Најнови вести

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

Официјално: Дензел Дамфрис потпиша за Реал Мадрид

05/07/2026
Тешко повреден малолетник во Скопје

Млад скопјанец почина во семејниот дом, телото предадено на обдукција

05/07/2026
Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

Голем триумф на Ивановски: Титула пред домашната публика

05/07/2026
Мицкоски: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица

05/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.