По сончевото утро, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието попладне повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 36 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, а максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Според прогнозите, во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, со умерен, а на места и засилен северен ветер. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во четврток и во недела.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












