Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат корисници во неколку скопски општини.
Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на локалитетот Коштан. Од 09:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, кај локалитетот Ветрила.
Во општина Бутел, од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел.
Во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21.
Во истиот термин, од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и за дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“ во општина Карпош.
Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“.
Дополнително, од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на улицата 95 и околните улици во селото Волково, во општина Ѓорче Петров.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












