Поради планирани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, денес без вода и струја ќе останат корисници во повеќе скопски општини.
Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, без вода од 8:30 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба. Причина за прекинот е изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2.
Во истиот период, од 8:30 до 14:30 часот, жителите на делови од Бардовци може да се соочат со намален притисок или прекин во водоснабдувањето поради поставување нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци со фреквентни регулатори.
Планирани прекини ќе има и во снабдувањето со електрична енергија. Од 8:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај, а од 8:00 до 14:00 часот дел од корисниците на улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче, во општина Аеродром.
Од 8:00 до 16:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од потрошувачите на улица 3 и на улицата „Индира Ганди“, додека од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе останат и дел од корисниците на улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и „Виа Игнација“ кај зграда број 8.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












