Американската Централна команда соопшти дека започнал нов бран воздушни напади врз Иран, неколку часа откако претседателот Доналд Трамп најави нови воени дејствија.
Во соопштението се наведува дека нападите се извршени по наредба на врховниот командант на американските сили, со цел, како што е наведено, дополнително да се намали способноста на Иран да ја загрозува слободата на пловидба низ Ормуски Теснец.
„Соединетите Американски Држави го сметаат Иран за одговорен за неодамнешната неиспровоцирана агресија врз комерцијални бродови и цивилни екипажи кои слободно пловат по витален меѓународен воден пат“, соопшти Централната команда.
Непосредно пред официјалната потврда за нападите, иранските медиуми известија за серија експлозии во близина на јужните крајбрежни градови Бандар Абас и Сирик.
Иранската новинска агенција Мехр објави дека експлозии биле регистрирани и во градовите Конарак и Чабахар. Засега нема независна потврда за обемот на нападите и причинетата штета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











