Од денеска до 17 јули, фестивалот „Скопско лето” во соработка со Кинотеката на Македонија, ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето”, посветена на македонската филмска уметност.
Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори: Милчо Манчевски, Стефан Сидовски – Сидо, Бранко Гапо, Сашо Павловски и Марија Џиџева.
Сите проекции ќе се одржат во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:15 часот, a билетите се достапни на karti.com.mk и ќе можат да се купат пред почетокот на проекцијата во Кинотека.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












