Триесет и двегодишниот И.М. од Охрид бил лишен од слобода на 8 јули во 22:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, откако со возило „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки не застанал на даден знак од полициска патрола и се обидел да побегне.
По преземените активности, полициските службеници успеале да го сопрат возилото. При контролата, во автомобилот бил забележан и четириесет и четиригодишниот С.П. од Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, С.П. веднаш проголтал опаковка со наркотична материја, по што му се влошила здравствената состојба.
„Од страна на полициските службеници веднаш е повикана Итната медицинска помош, со чие возило С.П. е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола.
Од СВР Охрид велат дека по насоки на јавниот обвинител се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












