Зимските олимписки игри во 2030 година, кои ќе се одржат на Француските Алпи, ќе бидат побогати за уште една дисциплина во брзо лизгање – тимски спринт. Одлуката ја донесе Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), а ја потврди и Меѓународната унија за лизгање (МСУ).
Тимскиот спринт е специфична дисциплина во која три натпреварувачи од иста репрезентација стартуваат заедно и минуваат три круга од по 400 метри. По првиот круг еден лизгач се повлекува, по вториот остануваат двајца, а последниот круг го завршува само еден натпреварувач. Победникот се одредува според вкупното време.
Во секоја трка настапуваат по две репрезентации, кои стартуваат со растојание од половина круг за да се избегне директен контакт. Клучна улога во оваа дисциплина има синхронизацијата, бидејќи успехот зависи од совршената координација и темпото на сите членови на тимот.
Светскиот рекорд во машка конкуренција го држи репрезентацијата на САД со време од 1:16,98 минути, додека кај жените најдобар резултат има Холандија со 1:24,02 минути.
Иако Зимските олимписки игри ќе се одржат на Француските Алпи, натпреварите во брзо лизгање ќе се возат во арената „Тијалф“ во Херенвен, Холандија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












